„Заев ми рече дека мене и Катица нѐ следеле странски служби, и ситуацијата била многу сериозна“, кажа Боки 13

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски рече дека Зоран Заев после гостувањето на 1ТВ на 3. април, дошол во неговата канцеларија и му соопштил дека странски служби го следеле него и Катица Јанева.

Јовановски вели дека бил сведок кога Јанева била жртва на уцена и кога и било кажано да си даде оставка, или ќе се случи она што се случува сега.

Боки истакна дека Заев му рекол дека странски обвинител веќе почнал постапка.

„Со Заев комуницирав подолги години. Сум бил симпатизер, но никогаш член на СДСМ. Кога дојде во мојата канцеларија ми кажа дека странски обвинител веќе има направено постапка. Бев уплашен и изманипулиран. Јас барав да комуницирам со Заев, и повторно ќе кажам штета што мојот телефон не се вештачи“, кажа Боки.