Во товарно возило кај местото „Врело“ пронајдени 45 мигранти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 11.08.2020 во 19.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот било пријавено дека на место викано „Врело“ во с.Ваксинце, Липково, било затекнато товарно возило „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое се дало во бегство, а во возилото биле пронајдени 45 лица мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и Палестина.

Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.