Во Шпанија над 20 илјади мртви од Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на починати од новиот коронавирус во Шпанија надмина 20.000 луѓе, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Во Шпанија починаа 20.043 луѓе од избувнувањето на епидемијата и таа земја, во светски рамки, е трета по смртност од Ковид-19. Во Европа, Шпанија е земјата со најмногу заразени, додека во светот,  пред неа е само САД.

Во последните 24 часа починаа 565 луѓе, што е мало намалување од 585 смртни случаи во однос на претходниот ден.