ВМРО-ДПМНЕ: Промените не им се допаѓаат само на Заев и на хотелската коалиција затоа што ќе донесат победа над мафијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двете најголеми партии и иницијативниот одбор за смена, се „расфрлаа“ со соопштенија вечерва, после Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој е одлучено да биде одбиено барањето на Мицкоски за вонреден конгрес за избор на нов претседател, а избрани се и нови членови на Извршниот комитет.

„Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него.

Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта.

За разлика од Заев кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200 илјади гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ
покажа сила за катарза и промени“, велат од опозицијата.