Вархеји: Разговарав со Заев и со Мицкоски за изборите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, вечерва имал разговори со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а главна тема биле престојните избори.

„Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ја истакнав важноста од слободни и фер избори во Северна Македонија, водејќи сметка за состојбата со ковид-19, како и за потребата од ефикасно економско закрепнување“,напиша еврокомесарот со социјалните мрежи.

Вечерва Владата на седница донесе Уредба за ажурирање на избирачкиот список, и со тоа најави дека се подготвува за избори на 5. јули, односно 22 дена по завршувањето на вонредната состојба.