Судот го затвори рочиштето за јавноста – Катица ќе зборува за доверливи работи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По барање на адвокатот Ирена Фрчкоска, која ја застапува обвинетата Катица Јанева, побара од судечкиот совет во продолжение седницата да биде затворена, бидејќи ќе бидат изнесувани доверливи информации.

Јанева досега сведочеше за нејзината работа во СЈО како и за познанство со Бојан Јовановски.

Рочиштето се очекува повторно да биде отворено откако ќе заврши делот во кој ќе бидат изнесени доверливите информации.