Состојба со ковид-19 во последните 24 часа – 17 случаи, 2 починати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 460 тестирања, а потврдени се 17 позитивни случаи со Ковид-19. Оздравени се 16 лица, а починале двајца.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

„Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740 лица, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392 лица“, .

Но колку граѓаните ги почитуваат препораките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19. Во последните 24 часа МВР известува дека 23 лица не ги почитувале препораките.

„Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 23 лица што ја прекршиле оваа мерка. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на  81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, се посочува од Министерството за внатрешни работи.

Според градовите, прв на листа се уште е главниот град Скопје со 134 активни случаи, потоа следува Тетово со 68 активни случаи.