Респираторите за Македонија „заглавени“ во Турција, Пендаровски: Работиме на решавање на проблемот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред неколку дена од Владата беше соопштено дека се обезбедени респиратори со помош на Амбасадата на Норвешка, кои се во депо во Турција и кои треба да пристигнат во Македонија. Но, претседателот Пендаровски рече дека има проблем со нивната достава.

„Има проблем во тој сегмент. Турција воведе ембарго за извоз на било какви апсиратори, иако тие се донација од Амбасадата на Норвешка. Во комуникација сме со Турците, се надеваме на решавање на тој проблем и наскоро да ги добиеме респираторите“, потенцираше Пендаровски.