„Рекет е направен за ослободување на Камчев и рушење на СЈО бидејќи сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ”, рече Боки 13

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски во денешниот исказ рече дека има докази дека Рекет е направен за да се ослободи Јордан Камчев, и да се сруши СЈО и Катица Јанева.

„Јас ја запознавам Јанева во септември, а дознавам дека предметот „Империја“ се води една година однапред. Имам докази дека овој кривично-правен предмет „Рекет“ е направен за спас на Камчев, за рушење на СЈО, за рушење на Катица Јанева поради тоа што сметаше и на власта и на опозицијата. Телевизијата сметаше на многу луѓе, поради тоа што емисијата „македонски инсајдер“ сметаше. Јас не знам зошто не го вештачевте мојот мобилен телефон. Контурите за тангото кое го играм сега е во мојот мобилен телефон. Немам ништо избришано од мојот телефон. Затоа кога ме испитуваше Рускоска за Меѓународен Сојуз се смееше, и рече дека имало многу добар предмет поради мојот мобилен телефон. Не знам зошто не е извештачен“, рече Боки 13.