Прв случај на коронавирус во Гостивар, бројката на заразени сега е 43

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

45-годинишна жена, која допатувала од Германија е првиот потврден случај на заболен од корона вирус Ковид 19 во Гостивар, потврдуваат за ТВ21 од болницата во Гостивар.

Оваа информација треба да биде потврдена и од министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата закажана за 18 часот.

Претходно во 17 часот е закажана седница на Владата.

Бројката на заразени со коронавирусот сега е 43 заразени.