Постарите од 67 години ќе можат да излегуваат само од 10 до 12 часот, лицата под 18 години од 13 до 15 часот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата денеска донесе одлука за скратување на полицискиот час кој почнува од среда (8. април). Полицискиот час ќе трае од 16 до 05 часот, но има посебни мерки за лицата над 67 годишна возраст, и на лицата под 18 години.

За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Аптеките и сите здравствени институции ќе работат и во текот на полицискиот час.