Поевтинуваат горивата од ноќеска на полноќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денар за литар, со што малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 62 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е v) и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на Еуродизел ќе изнесува 53 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 се намалува за 0,370 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 ден/кг.