Пауза на рочиштето за “Рекет” ѝ се влоши здравствената состојба на Катица Јанева

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

15 минути пауза даде судијката Васка Николовска Масевска бидејќи ѝ се влоши здравствената состојба на Катица Јанева.

Во тек е испрашувањето на Бојан Јовановски од страна на неговиот адвокат Сашко Дуковски.

Јовановски досега го објаснуваше процесот на работа во 1ТВ како и познанството со Зоран Милевски – Кичеец.

Јовановски најави дека во продолжението кое следува ќе ги открие со име и презиме сите личности кои стојат како што вели тој на овој монтиран случај.