Од денеска затворен граничниот премин „Ники“ – влез и излез од Грција нема да може преку „Меџитлија“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи  ги  известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин  ,,Ники“ , а во врска со новите  протоколи на грчката влада за  рестрикитивни мерки  за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од  00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во  наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.