„Не смееме да дозволиме со олабавување на мерките, да имаме дополнителен број на заболени“, рече Филипче

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче најави полека олабавување на мерките во борбата против коронавирусот.

„Бројките одат во надолна линија. Секако дека ќе има олабавување на мерките, но тоа ќе се прави постепено. Не треба да дозволиме со олабавувањето да имаме дополнителен број на заразени. Мерки и натаму ќе има, односно носењето на маските, социјалната дистанца и други работи ќе останат и понатаму“, рече Филипче.