Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утре најави нов протест. Протестот, како што соопштува Мицкоски е против неправдата, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев.
„Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи
ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија?
-Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев
-Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата
-Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види
-Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови
службени возила истата таа мафија
-Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат
-Кога судството го штити криминалот
-Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово
-Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард
Одговорот на сето ова е протест. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во среда во 18 и 30 часот да протестираат против неправда, реваншизам и насилство
на мафијата на Заев.“, соопшти Мицкоски.