Мицкоски прашува: Дали условот за ЕУ е нов договор со Бугарија сличен на Преспанскиот со уставни измени?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дали продолжувањето на патот кон Европската унија е потпишување на нов договор со Бугарија кој ќе биде сличен на Преспанскиот договор со Грција.

„Да одговори Бујар Османи дали е точно дека од страна на неговата колешка од Бугарија побарано да се потпиши нов договор кој што ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени каде што ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 45-та година па натаму, а пред тоа дека сме биле нешто друго“, рече Мицкоски во интервју за Канал 5.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека никогаш нема да прифати ваков договор.