Коронавирусот сега се шири низ Африка, само уште една земја нема пријавено случај

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Коморските Острови пријавија случај на вирус, и тоа е 53-тата земја од 54 афрички држави во кои се појавила болеста.

Единствено Лесото нема пријавено случај на Ковид-19 засега, пренесува АП.

На африканскиот континент бројот на заразени надмина 37.400, а досега се регистрирани 1.598 починати.

Бројот на потврдени случаи во Гана надмина 2.000 што е пораст за 24% за само неколку дена, соопштија здравствените власти.

Врвот на епидемијата во таа земја е прогласен пред 10 дена.