Јанева цитираше делови од закон, Рускоска рече дека го знае законот, Катица и врати: „Ако сакам и Волшебното самарче ќе го цитирам“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Конфронтација во судница помеѓу двете поранешни колешки Катица Јанева и Вилма Рускоска. Јанева давајќи ја својата одбрана цитираше делови од законото со кои потенцираше дека не направила ништо противзаконски. На ова реагираше обвинителката Рускоска која и рече на Катица дека таа го знае законот и не мора да цитира како нејзина одбрана.

„Судија, не мора да го цитира законот, ние го знаеме, а ако колешката сега, првпат го чита, тоа е друго“, рече Рускоска.

Судијата ја одби жалбата на обвинителството и обвинетата Јанева продолжи со одбраната:

„Ако сакам и Волшебното самарче ќе ви го цитирам, тоа е мое право“, возврати Јанева која денеска за прв пат прозборе во судница откако е започнат судскиот процес за „Рекет“.