Хрватска: 12 лица заразени со коронавирус – нов случај потврден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од Клиниката за инфективни болести „Д-р. Фран Михаљевиќ“ во Загреб потврдија уште едно заразено лице со коронавирус.

Се работи за блиски контакти на вториот заболен од коронавирус во Вараждин, јавуваат од таму.

До сега во Хрватска се потврдени 12 лица, а во светот бројот на заразени вчера помина над 100.000 лица.