Голем пораст на новозаразени, 175 за 24 часа – семејните прослави во Охрид и Скопје главна причина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

175 нови случаи се регистрирани во последните 24 часа според статистиката на Министерството за здравство. Министерот Филипче вели дека проблем останува Скопје со 131 нов случаи со Ковид-19 за само едно деноноќие.  Во Чаир бројката е многу висока, за разлика од другите општини, 209 заразени со новиот вирус.

Вицепремиерот, Бујар Османи, вели дека не е добро да се шпекулира за причините за драстичното зголемување на заразени, но според него главната причина е непочитувањето на мерките.

„Чаир е најгусто населената општина во Европа, таа е на прво место во Европа. Значи, средите каде луѓето се пораспространети, во селата, можноста за ширење на вирусот е помала отколку во најгусто населената општина во Европа. Причината е непочитувањето на мерките, групирањето, не носењето на маски и не-одржувањето личната хигиена. Овие се причините за вториот бран на заразени“, истакна Бујар Османи.

За продолжување на вонредната состојба, Филипче рече дека според него не е оправдано да се продолжи.

Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти во последните денови, но состојбата во болниците останува стабилна. Предвидено е и префрлање на пациенти од една болница во друга или од еден град во друг, врз основа на потребите, рече Филипче.

Во текот на последните 24 часа починале 5 пациенти заразени со Ковид-19. Евидентирани се 18 оздравени пациенти, а вкупната бројка на заразени во нашата земја со Ковид-19 се искачи на 3538, бројот на оздравени е 1682, а имаме 196 жртви. Моментално во нашата земја имаме 1687 активни случаи со Ковид-19.