“Ги повикувам институциите да истражат дали сум направила криминал”, побара Рускоска по обвинувањата од Боки 13

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вилма Рускоска одговори на обвинувањата на Боки 13, кој изјави дека обвинителката му кажувала кои ќе бидат на распит за да прати камера. Рускоска побара од институциите да испитаат дали таа направила некаков криминал.  

„Ќе има одбрана по наводите, или само некој ќе се велича, а по други ќе се плука? Јас сум на ред, Милески е на ред, нека обвинителството достави и претстави доволно докази пред овој Суд за да во одбрана се осврне на тие докази кои обвинителството ги презентираше. Да се навлегува во личен и приватен живот на некого е недозволиво. Дали Вилма Рускоска или било кој направил кривично дело или криминал, има институции кои тоа можат да го истражат, и јас барам да се истражат. А сега дајте му да се осврне на доказите, не само пред Судот, туку пред целата јавност“, рече Рускоска.