Филипче: Најголем број од заболените се заразени на семејни прослави

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека се покажало дека најголем број од заболените се заразени на семејни прослави.

„Цела недела се правеа тестирања во кризните региони, бројките се резултат на тоа, таквото таргетирано тестирање беше рана дијагностика за навремена изоилација на сите контакти кои се носители на вирусот. Се покажа дека најголем број од заболените се заразени на семејни прослави, па со ваквата стратегија ги изолиравме сите контакти на заболените“, посочи Филипче.

Тој додаде дека полицискиот час за викендов дозволил брзо тестирање, и подобра соработка со граѓаните.

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на Венко Филипче, Жарко Караџовски и Арбен Зибери

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на Венко Филипче, Жарко Караџовски и Арбен Зибери

Gepostet von TV21 am Montag, 8. Juni 2020