Филипче: Многу е тешко да се верува дека вирусот ќе исчезне

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откако вчера од сингапурски Универзитет направија анализа дека вирусот 97% ќе исчезне од Македонија, коментар следуваше од Венко Филипче.

„Тоа не е студија, туку некоја анализа. Многу е тешко да се верува дека вирусот може да исчезне. Сите проекции, на повеќето земји кажуваат дека вирусот ќе остане. Во случај да не се почитуваат мерки или да ги нема, тогаш се ризикува да има нови и нови случаи“, изјави Филипче.