Двајца вработени во ДПИ позитивни на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двајца вработени во Државниот просветен инспекторат се позитивни на тестот за коронавирус, брифираат извори за ТВ21.

Направени се тестови и на инспекторите и се уште не е пристигнат нивниот резултат, а не е утврдена ни епидемиолошката слика.

Според извори на ТВ21, инспекторите во моментов се во домашна изолација, а најавената инспекција во училиштата, која требаше да се реализира оваа недела се одложува.