Чулев: Наредниот период ќе објавиме информации за отворените истраги во кои се инволвирани функционери

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска повтори дека во наредниот период Министерсвото ќе објави информации за отворените истраги во кои се инволвирани и носители на јавни функции, за кои веќе се добиени информации дека се можни сторители на кривични дела.

– Во однос на истрагите кои ги најавив сакав да кажам дека изминатиот период како МВР, покрај концентрацијата што значи спроведување на мерките и одлуките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби од увид и откривачката функција, односно активностите во областа на откривање на сторители на кривични дела посебно во областа на организиран криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот пеирод ќе објавуваме информации и за одредени ноосители на јавни функции за кои имаме веќе добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела, рече Чулев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека МВР изминатиот период било целосно ангажирано и во откривање кривични дела и во борба против организиран криминал и корупција, а имале и сериозни предизвици кои во наредниот период, како што вели, ќе се мултиплицираат, а тоа е спречување на илегалната миграција. 

? [ВО ЖИВО] МВР отвора истраги за функционери, прес конференција на Наќе Чулев

? [ВО ЖИВО] МВР отвора истраги за функционери, прес конференција на Наќе Чулев

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 28. Mai 2020

За потсетување, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера во „10 Минути“ на ТВ21 откри дека од денеска ќе започнат со објавување на истрагите во кои, како што посочи првиот човек на полицијата, инволвирани се актуелни, но и поранешни функционери кои биле или сè уште се на некоја позиција.

„Ние како МВР, ќе бидеме и повеќе насочени во борба против организираниот криминал и за сите тие работи ќе ја информираме јавноста, да видат дека министерот за внатрешни работи и покрај тоа што беше ангажиран во борба против коронавирусот, беше ангажиран и на сериозна неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата“, порача Чулев.

Целата вест може да ја прочитате ТУКА.