Бразил регистрираше најголем број починати за 24 часа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во четвртокот во Бразил се регистрирани 1.188 смртни случаи од вирусот Ковид-19, што е најголем број во таа земја од почетокот на пандемијата. Регистрирани се преку 20.000 нови случаи на коронавирусот.

Бројот на заболени достигна 310.087, со што оваа земја се искачи на третата позиција по бројот на инфицирани после САД и Русија, пренесува „Ројтерс“.

Како последица од коронавирусот, досега починаа преку 20 илјади лица.