Борел крајно загрижен поради кршењето на примирјето во Нагорно-Карабах

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел синоќа изрази „крајна загрижиност“ поради кршење на примирјето во Нагорно-Карабах.

– Со крајна загриженост ги примаме извештаите за продолжување на воените активности, посебно против цивилните мети, со цивилни жртви, истакна Борел.

Тој додаде дека 27 земји-членки на ЕУ „бараат од сите страни на теренот да го почитуваат договорот за прекин на огнот“.

Борел од спротивставените страни побара „моментално да почнат вистински преговори“ под покровителство на Русија,Франција и САД,членки на Групата Минск ОБСЕ.

Судирот за Нагорно-Карабах, формално азербејџанска област со претежно ерменско население, над кое Баку нема контрола од 1988 година, почна на 27 септември. Тоа е најжесток судир помеѓу азербејџанските сили и ерменските сепаратисти од Нагорно-Карабах, поддржани од Ереван, од воспоставувањето на примирје во 1994 година.

Иако од саботата на пладне е во сила прекин на огнот продолжуваат судирите во Нагорно-Карабах.