„Бидејќи најавив дека влегувам во политика, барам судот да ми дозволи да се обраќам до јавноста – ќе бидам идниот лидер на вистинска европска Македонија“, рече Боки 13

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски – Боки 13 побара да каже нешто пред крајот на денешното рочиште во случајот „Рекет“. Тој повтори дека во иднина ќе се занимава со политика и дека ќе биде новиот лидер на вистинска европска Македонија.

„Бидејќи најавив дека влегувам во политика, барам судот да ми дозволува да се обраќам до јавноста со соопштенија, нормално преку вас, но да не ги цензурирате. Целта ми е да ставам крај на сите политички малверзации во оваа држава, и да станам лидер на вистинска европска Македонија, но не Македонија која се занимава со трикови“, рече Боки кој побара од Судот и од другите институции негова заштита.