24 часа гореше депонија, цело Скопје загадено, Дудуш дели маски, поради короната или загадувањето?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

24 часа гореше дива депонија во Шутка.

Воздухот во цело Скопје беше загаден поради тоа што просторот кој го опфати пожарот беше голем, а депонијата содржи разен отпад, почнувајќи од пластика, па се до текстил и гуми.

Од чадот печеа очите и тешко се дишеше. Ова долг период го трпат жителите кои живеат околу депонијата, поради тоа што често пати засега неидентификувани лица предизвикуваат пожар во депонијата

Беа потребни 50 минути за да интервенира против пожарникарската единица, а кога стигнаа им пукна цревото, причина – старата машинерија.

Пожарот го локализираа за неколку минути и заминаа.

Отидовме и денеска на истото место, а депонијата повторно беше во пламен и чад.

Неколку минути после нас, пристигна и камион, за кој помисливме дека дошол да ја исчисти депонијата, но истовари отпад. Кога ги прашавме со чија дозвола истовараат, тие рекоа дека со дозвола на градоначалникот на општина Шуто Оризаре, Курто Дудуш.

Му се јавивме на Дудуш, но не одговори на повиците. Сепак, го пронајдовме како дели маски. Го прашавме зошто дели маски – За да ги штити жителите од загадениот воздух?

Петре Шилегов вели дека за оваа депонија зборувал и со вицепремиерот и министерот за животна средина, со цел да не се кратат наменетите средства.

Фрлањето на отпад на ова место е кривично дело, поради тоа што не фигурира како депонија туку како јавен простор, кој е претворен во депонија поради нелегалното фрлање на отпад. Ситуацијата станува повознемирувачка поради тоа што се наоѓа во близина на земјоделските ниви и влезот служи и како влез на црквата и православните гробиштата во Визбегово. Таму можете да забележите и млади лица кои собираат бакар и метал, за потоа да ги продаваат.