Зошто светскиот фудбалски вице-првак го нема во најпопуларната видео игра?

Иако беа второпласирани на овогодинешниот Мундијал, сепак, многумина љубители на фудбалот останаа скратени со репрезентацијата на Хрватска да играат на најпопуларната видео игра ФИФА 19.

Во Хрватска со неверување беше примена веста дека нивната селекција, која што играше во финалето на Мундијалот во Русија, ја нема на играта, и тоа се случува во последните неколку години.

Во наоѓањето на причината, хрватските медиуми контактирале и во хрватскиот фудбалски сојуз од каде што ја дознале вистинската причина зошто „коцкастите“ ги нема на оваа популарна игра.

„Хрватската репрезентација ја нема во популарната игра ФИФА 19 од едноставна причина – компанијата која ја произведува играта и хрватскиот фудбалски сојуз не постигнаа договор за соработка кој ќе ги задоволи двете страни“, вели портпаролот на хрватскиот сојуз, Томислав Пацак.

 

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!