Зошто правдата е спора за ваков случај? – Народниот правобранител отвори случај врз основа на сторијата на ТВ21

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лицето за кое семејството на силуваното 11 годишно девојче тврди дека го сторил делото се уште е на слобода, иако поминаа два месеца откако случајот е пријавен во полиција.

Освен што ја тоа, тој продолжил да се заканува на девојчето. Истраживме дали е вообичаено во нашата земја да поминат два месеца, осомничениот да не е фатен од органите на редот? Од случаите што ги најдовме, осомничените биле фатени во период од 4 до 10 дена, но има еден случај во Гостивар, каде процедурата од чинот на силување до фаќањето на силувачот траела две години.

Но, последниот случај од Штип, покажува дека силувачот може да биде фатен и за 24 часа.

За забрзување на овие постапки во институциите и за заштита на жртвите од насилство, од Народниот правобранител препорачуваат дека треба да постои посебен орган.

До формирањето на овој орган, која е улогата на Народниот правобранител во случајот со силуваното 11 годишно девојче?

Васка Бајрамовска вели дека тие отвораат случаи за да влијаат врз институциите истите да бидат побрзи и поефикасни. Случаите се отвораат доколку тоа го бараат роднини на малолетните лица или некој близок.

Бидејќи случајот со 11 годишното девојче не го пријавил никој, Бајрамовска извести дека ќе започнат постапка самоиницијативно употребувајќи податоци кои се објавени во сторијата на ТВ21. По отворање на случајот, Народниот правобранител ќе испрати допис до сите институции да ја забрзаат постапката.

Инаку, вчера известивме дека за случајот со силуваното 11 годишно девојче од Куманово, постапка отвори кумановското јавно обвинителство.

Бидејќи случајот е во предистражна постапка, од таму не даваат одговор ниту на прашањата: Дали силувачот е син на чичкото на девојчето? Дали е вистина дека девојчето е земено на информативен разговор во полиција без присуство на мајката и дали се заканувал полициски службеник, поради што потоа малолетничката го сменила свокот исказ.?

Внатрешна контрола ќе ги проверува постапките на полициските службеници дали тие на било каков начин ја злоупотребиле својата положба и дали целиот случај е воден професионално.