Зибери: Никогаш не го ставаме политичкиот интерес пред здравјето на луѓето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатот за пратеник на ДУИ, Арбен Зибери во дебатниот магазин „EUclick“ на ТВ21 истакна дека тие никогаш не го ставаат политичкиот интерес пред здравјето на луѓето.

„Никогаш не го стававме политичкиот интерес пред здравјето на луѓето, бидејќи веруваме и сметаме дека во моментов најважно е да го зачуваме здравјето на сите наши граѓани, што помалку пациенти да имаме во болница, помалку заразени со Ковид-19 и да ја добиеме борбата против невидливиот непријател, кој за жал одзема и човечки животи, а носи и економски компликации. Јасно е дека многу луѓе можат да останат без нивните работни места, па затоа уште од почетокот на пандемијата па сѐ до денеска, никогаш, како што реков, наш интерес не биле партиските калкулации. Секогаш примарен интерес за нас било – зачувување на здравјето на населението на Република Северна Македонија“, истакна Зибери.