Жителите на Караслари живеат како во среден век: „Не им ги поправаме улиците и водата бидејќи се множат многу“

 Селото Караслари е на само 10 км од центарот на Велес. Иако е блиску до центарот, жителите на ова село живеат како во среден век. Без вода, без улици, без канализација, а често велат дека имаат проблеми и со струјата. Иронијата да биде уште поголема, селото Горно Караслари со вода ги снабдува сите околни села, а самото село нема вода. Жителите велат дека екс градоначалникот на селото Славчо Чадиев не интервенирал воопшто во селото и отворено покажувал говор на омраза кон нив само затоа што се Албанци. Тој во очи им рекол: “Не им ги поправаме улиците и водата, бидејќи многу се множат“.

„Се гледа до каде е асфалтиран патот. За селото наше надолу се гледа како е. Дали државата нема можност или што е работата, можеби не сакаат бидејќи сме Албанци да ни ја средат улицата, не знам, доставивме барање и до градоначалникот на Велес, но ништо. Екс градоначалникот на Велес од ВМРО-ДПМНЕ ни кажа дека не ни ја прават улицата и водата бидејќи бројот на Албанците многу се зголемува. Овој другиов ми изгледа дека продолжува по истиот пат“, вели , Садик Бафтјари.

Ова е единствената чешма од каде жителите на ова село се снабдуваат со вода. Оваа чешма снабдува 15 домаќинства во селото Горно Караслари во Велес. Ферид Бафќари се симнува од селото за да наполни вода. Тој вели дека не се сигурни дали оваа вода е безбедна за пиење.

„Не можеме да стигнеме да наполниме вода, има денови кога чекаме по три четири часа да наполниме вода. Не знаеме дали е за пиење, не се направени анализи, но ние и натаму ја пиеме. Не сме испратиле на анализа дали е за пиење водата. Но ние и понатаму ја пиеме“, рече Бафќари.

Тие што имаат транспорт полнат вода во другото село каде што е водата за пиење. Садем Бојаџиу секој ден патува до другото село за да напони вода.

„Бев да наполнам вода, патот не чини ниту вода немаме, ништо немаме. Секој ден, секое утро по половина час патувам вака, зависи како оди кај чешмата. Патот е катастрофа, ниту автомобил не може да се искачи до селото“, вели Бојаџиу.

Актуелниот градоначалник на селото, Аце Коцевски се надева дека до септември ќе се среди патот на селото Горно Караслари.

Селото Караслари има над 10 куќи и 50 жители. Тие бараат од институциите да ги земат предвид нивните барања со цел да добијат услови како во околните села.

Репортер: Африм Јонузи

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!