Жена се јавила во полиција и нарачала пица – млад полицаец веднаш препознал повик за помош

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Младиот полицаец Винченцо Мариа Триподи кои бил дежурен во телефонската централа на полицијата во Торино стана јунак на денот и ги добил сите пофалници, дури и од премиерот Џузепе Конте, бидејќи во повикот на една жена која барала да и се достави пица веднаш препознал повик за помош, а не телефорнска трешна и на време интервенирал.

Имено, жена од Торино го повикала бројот на полицијата и „порачала пица за себе и синот“, постапила точно по советот од центарот за борба против насилство во семејството кои жртвите ги советуваат да повикаат полиција, а пред насилникот да глумат дека порачуваат пица или нешто друго.

Така и младиот полицаец на повикот за пицата да се донесе „итно на најзина адреса“, само запрашал дали таа знае на кого му се јавува, а после потврдниот одговор, активирал на екранот од компјутерот кои ги следи телефонските повици знак за предупредување, односно дека повикот може да укажува на насилство и да евентуалната жртва не може отворено да зборува.

Полициската патрола пристигнала на адресата во рок од неколку минути, а подоцна соопштила дека насилството било во тек, односно дека жената и детето од 10 години биле во шок и преплашени, а насилниот маж бил пијан и приведен.

Од кабинетот на премиерот Конте соопштуваат дека полицаецот е со потекло од Калабрија, јужна италијанска покраина, и дека откако ја завршил обуката, бил распореден на првото работното место, и тоа баш во оперативниот центар во Торино.

Насилството во семејството чии жртви се повеќе се жените, воглавно ги врши нивниот сопруг или партнер, а за жал ова не е прекинато ни во време на карантин.

Во првите шест месеци од оваа година во Италија, 59 жени беа убиени токму од оние кои тврдат дека ги сакаат, или ги сакале.