Земјотрес од 4 степени ја погоди Албанија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтер ја погоди Албанија во 16:16 часот.

Според Институтот за сеизмологија, епицентарот на потресот е на шест километри југозападно од градот Пеќин, односно на 37 километри јужно од Тирана.

Земјотресот бил на длабочина од два киломтера и според Институтот имал висок степен на чувствителност.Освен голема вознемиреност кај жителите од поширокиот регион, нема информации за прдизвикана материјална штета.

Потресот е почувствуван и во западните делови на Северна Македонија.

Албанија катастрофален земјотрес ја погоди утрото на 26 ноември минатата година, во кој загина 51 лице, повредени беа над 1.200, а причинетата материјална штета се проценува на над милијарда евра.