Заврши дијалогот „Жан моне“ – странките задоволни, не се решени главните прашања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заврши и третата средба на дијалогот „Жан Моне“. Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека со консензус се решени техничките прашања на Собранието како што се : календарот на Собранието, ограничување за 3 дена на дебатата на пленарна седница, користењето на европското знаменце и времетраењето на говорите. Но, спорните прашања за Деловникот на Собранието, како што е името на законодавната институција, останува да ги реши новиот парламентарен состав по изборите.

Европратениците, Илхан Ќучук и Андреас Шидер, дијалогот меѓу партиите го оценија како продуктивен оценувајќи дека се усогласени правила за Собранието да биде поефикасно и за да се избегнат можностите за блокади.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека едно од поважните прашања е решено – злоупотребата на европското знаменце во законите на Владата.

И Јован Митревски од СДСМ изрази задоволство од дијалогот меѓу странките.

Во процесот Жан Моне, во присуство на европратениците и пратениците од земјата, преку дијалог и консензус, странките имаа дебата за Деловникот, независноста на законодавната институција и буџетската независност за подобро работење.