Завршена изградбата на кружниот тек во Чаир

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вчера и официјално заврши техничкиот прием и означување на кружниот тек што се наоѓа во Чаир на улицата „Кемал Сејфула“. Како што соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој го посети кружниот тек, изградбата траеше изминативе неколку месеци, а вредноста е 20 милиони денари.

-Станува збор за инвестиција која ќе овозможи на граѓаните од овој дел на градот поголема безбедност во сообраќајот имајќи предвид дека во непосредна близина на овој кружен тек се наоѓа основното училиште „Петар Здравковски Пенко“, средното училиште „Арсени Јаков“ и поликилината Чаир, што самата оваа поранешна раскрсница, а сега кружен тек, го правеше сериозно и прометен и небезбеден за граѓаните, рече Шилегов.

Тој додаде и дека на ова место во целост е изведена и велосипедска патека со цел овозможување на алтернативниот сообраќај, која во текот на сезоната ќе се продолжи и по улицата „Кемал Сејфула“, со цел алтернативно приклучување на овој дел од градот во вело системот на Град Скопје.

Според Шилегов, инвестирањето на северниот дел од градот во инфраструктурата е многу важен за развојот на самиот град, и за обезбедување соодветни услови за живот на граѓаните.