Заев подготвен да се обедини со Мицкоски против ДУИ, коментираа Бујар Османи и Аријанит Хоџа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на телевизиска дебата на ТВ24 изјави дека тој ќе биде следниот премиер на Северна Македонија и доколку ДУИ продолжи со условот за премиер Албанец, тој е подготвен да размени пратеници и со ВМРО-ДПМНЕ.

Но, со ова пресметка на Заев не се согласува Мицкоски.

За изјавата на Заев, го прашавме и коалицискиот партнер на СДСМ, Движење Беса. Аријанит Хоџа не гледа проблем во изјавата на Заев, туку во начинот на кој ДУИ ја претстави идејата за премиер Албанец.

„Начинот на кој се импонира во сцена предлогот од страна на ДУИ и тоа не кога беа прогласени изборите на 12 април, туку сега, едноставно е реторика за да се спаси од неуспехот кој го гледаме секој ден.“, рече Хоџа.

Коментираа и од ДУИ. Портпаролот Бујар Осамни вели дека изјавата на Заев е предизборна реторика и може да се смени по 15 јули.

„Колку такви говори сме слушнале пред сите изборите, пред изборот на претседател на Собранието, пред уставните измени, пред Законот за јазиците, пред секое наше постигнување. Но, тоа што ветивме и го реализиравме. Затоа велам, тие се најголеми промотори на ова идеја. Секој ден повеќе им паѓа маската.“, вели Османи.

Идејата за размена на пратеници меѓу Заев и Мицкоски дојде откако ДУИ условува за да биде дел од Владата за премиер да биде избран Насер Зибери.