Заев: Не може нешто што не функционирало, преку ноќ да се смени, но може многу да се поправи и да се подобрува

„На самиот почеток би сакал да го честитам значајниот јубилеј – 25 години долгогодишна плодна соработка помеѓу Светска банка и Република Македонија.

Светска Банка е наш партнер кој го поддржува развојот и напредокот на Република Македонија цели 25 години. Во рамки на тоа партнерство Светска банка помогна да се изградат многу нови патишта, училишта, градинки, да се подобрат општинските услуги, да се подобри квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија.

Целта што сакаме да ја постигнеме е финалниот ефект од спроведување на економските политики, да биде почувствуван директно од секој граѓанин како остварена економска корист или право, што во крајна линија треба да се рефлектира како подигнување на животниот стандард на граѓаните.

За остварувањето на овие цели поддршката што ни доаѓа од Светска банка е исклучително важна. Заедно со Светска банка работиме на креирање на нова стратегија Country Partnership Framework 2019 – 2023 која опфаќа 35 проекти од областа на здравството, транспорт и врски, социјална заштита, труд и социјална политика, информатичко општество и администрација, образование и наука, животна средина, земјоделство и јавни финансии.

Образованието мора да се реформира и да понуди квалитетна образовна програма која ќе ги искористи и дополнително ќе ги унапреди потенцијалите и талентите на нашите деца, за да израснат во подготвени и спремни кадри за пазарот на трудот.

Здравството и образованието се темелите на општеството. Грижата за здравјето на граѓаните мора постојано да се унапредува. За да ги зачуваме нашите лекари и здравствени работници во Македонија од овој септември ги зголемивме платите на 19.123 вработени во јавните здравствени установи за 5 отсто.

Зголемување на платите на здравствените работници ќе продолжи и со Буџетот за 2019 година. Платите во здравството се зголемија и преку зголемување на надоместокот за дежурства. Вкупната сума на пари којашто докторите ја земаат, по зголемувањата на примањата кои што докторите ги добиваат за дежурства и ноќни смени, зголемени се за 30 до 40 отсто.

Дополнително направени се значајни вложувања и инвестициите во нова медицинска опрема и нови лекови, како и подобрувања на процесите на едукација.

Важно е да продолжиме да ги усовршуваме овие процеси и да ги унапредуваме. Не може нешто што не функционирало, преку ноќ да се смени, но може многу да се поправи и да се подобрува.

Кој министер ви остави најдобар впечаток во 2018 година?

View Results

Loading ... Loading ...