Заев: Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина

НАШ ПРЕДЛОГ

Одлуката за поскапување на струјата ќе остане – МЕПСО: Граѓаните не ги „болат“ парите за интернет, а за струјата реагираат

“Граѓаните не ги болат парите за интернет, а кога станува збор за електричната енергија реагираат. Не треба...

Ахмети ги покани на маса албанските партии – Заев: Ова е притисок од ДУИ за позицијата премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани на средба четворицата претседатели на албанските парламентарни партии, на Алтернатива,...

До кога е рокот за давање мандат? – Џафери за ТВ21: Без избран претседател, Собранието не е конституирано

Различните толкувања околу тоа дали е конституиран парламентот  и дали течат роковите во кој досегашниот претседателот на...

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод 2 Август – Денот на Републиката испрати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија:

- Реклама -

„Почитувани граѓани,
Денеска на 2 Август – Денот на Републиката, оддаваме почит кон нашето херојско минато. Нашите славни претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет. Борбата за слобода на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во нашата земја постојано носеше победи со кои заеднички го трасиравме патот напред. Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина, Илинден е победа за сите кои движат напред. 
Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност. 
Како одговорни граѓани продолжуваме да се водиме од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали.
Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и светот.
Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина – Северна Македонија почитувана држава, полноправна членка на НАТО и проговорач со ЕУ.
Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!“.

- Реклама -
- Реклама -
- Реклама -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ахмети ги покани на маса албанските партии – Заев: Ова е притисок од ДУИ за позицијата премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани на средба четворицата претседатели на албанските парламентарни партии, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса,...

До кога е рокот за давање мандат? – Џафери за ТВ21: Без избран претседател, Собранието не е конституирано

Различните толкувања околу тоа дали е конституиран парламентот  и дали течат роковите во кој досегашниот претседателот на Собранието Талат Џафери треба да...

Со верификација на мандатите на пратениците Собранието е конституирано, велат од кабинетот на Пендаровски

Согласно уставните одредби во член 90 став 1 рокот за доделување на мандатот е десет дена од констиуирањето на Собранието. 

Градинките се отвораат од 1-ви септември?!

Утре продолжува состанокот меѓу Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование и наука, каде ќе се дискутира во врска...