Заев и Ахмети со нова средба, напредок има, викендов преговорите продолжуваат на ниво на партиски секретари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, оствариле работна средба, како што се вели во соопштението, во конструктивна атмосфера и заклучиле дека има добри основи за напредок.

На средбата присуствувале секретарите на партиите Љупчо Николовски и Артан Груби.

Средбата се случила по доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот Пендаровски за формирање на Влада со четиригодишен мандат, повторно далеку од очите на јавноста.

Како што се вели во сооштението од ДУИ, на конструктивната и продуктивна средба која траела три часа биле постигнати темелите за напредок, што доведува до евентуален договор за коалиција за нова европска влада посветена на европските интеграции, економија, еднаквост и владеење на правото.

Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на партиски секретари.