Заев: Го почитувам Блерим Река, ама не може да бара гласови само од Албанците

За Блерим Река, кандидатот за претседател поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА, Заев истакна дека го почитува многу, но дека му замерува што бара поддршка само од Албанците, додавајќи дека мора да бара гласови и од Македонците.