Заев – Дукс: Позитивниот извештај е потврда за посветеноста на реформите

НАШ ПРЕДЛОГ

Кредитите ќе мора да се вратат – фирмите ќе бидат обесштетени, ако има пари од стечајот

Граѓните дефинитивно ќе треба да ги вратат кредитите земени преку Еуростандард банка, иако допрва ќе треба да...

Регистрирани 141 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12653, оздравени 93 пациенти – починати 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141...

Украдени над 200 тони пченица во Битола

На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со делегација од амбасадата на Р.Унгарија во земјава предводена од амбасадорот, Ласло Дукс.На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, членството во НАТО, напредокот на земјава изминатите 2.5 години, спроведувањето на реформите, актуелната политичка ситуација во земјата односно престојните парламентарни избори во Април.

- Реклама -

Претседателот Заев од своја страна го посочи позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава кој беше објавен  денеска, како особено важен бидејќи во него се констатира значителен напредок во спроведените реформи, со препорака до Советот да се отворат преговори со Република Северна Македонија.

- Реклама -

Овој Извештај е уште една потврда за нашата посветеност на реформите кои се важни за државата и за иднината на нашата земја во Европската Унија, затоа што како држава, сторивме се за да ги исполниме потребните реформи и тоа го остваривме.

- Реклама -

Сега на ред е Советот на Европската Унија и Европскиот Совет, кои треба да го има предвид овој Извештај и методологијата што беше донесена и да ги отвори преговорите за членство со нашата земја.-истакна преседателот Заев.Во однос на престојните парламентарни избори претседателот Заев истакна дека многу е важно тие да бидат регуларни, фер и демократски, затоа што тоа би било уште една потврда дека сме демократски зрела држава и нашето место е во Европската унија.

Како друга актуелна тема се постави и мигрантската криза, особено по отворањето на границите од страна на Р.Турција и очекувањата на зголемен прилив на мигранти и кон нашата земја и справување со целата таа ситуација,  на што од страна на претседателот Заев беше посочено дека нашата држава е подготвена за ситуацијата и е во постојана координација и со Р.Грција и Р.Бугарија но и отворена за соработка со земјите членки на ЕУ, иако сеуште не е членка ,сепак стои отворена за насоки и стратегии во поглед на справување со истата.

Амбасадорот на Р.Унгарија во државава, Ласло Дукс истакна дека Р.С.Македонија има огромна поддршка од Р.Унгарија во поглед на нејзината евроинтеграција, тоа веќе го потврди и на самитиот во Октомври минатата година, така ќе биде и овојпат во Март и искрено се надева дека земјата ќе го добие конечно датумот за почеток на преговори.

Двете страни се согласија дека двете земји отсекогаш имале добри и пријателски односи и тоа ќе продолжи и во иднина и во насока на економска соработка и можни инвестиции на Р.Унгарија во Р.С.Македонија.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 141 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 12653, оздравени 93 пациенти – починати 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во:...

Украдени над 200 тони пченица во Битола

На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост...

Силно невреме во Мостар

Во попладневните часови Мостар е погоден од силно невреме, а голема количина дожд и силен ветер им создадоа проблеми на жителите на...

Гужва на грчката граница – над 1.000 автомобили во колона долга 20 километри (ВИДЕО)

Над 1.000 граѓани од Албанија кои работат во Грција денеска беа заглавени во гужва на границата пробувајќи да влезат пред најавените мерки...