Заев: Датумот за изборите не е ниту партиска ниту лична желба, по закон и Устав се на 5 јули

НАШ ПРЕДЛОГ

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон...

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил пишува дека итното одржување на изборите е неопходно и екстремно важно за да се вратат институциите кои мора да им служат на граѓаните во полн капацитет и легитимитет, а тоа е неопходно и за подобро справување со здравствената и економска криза предизвикана од коронавирусот.

- Реклама -

Тој пишува дека датумот на изборите не е и не може да биде ниту партиска, а ниту лична желба, туку тој е одреден од Уставот и законите.

- Реклама -

„На Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните воопшто не им е важно, тоа се само изговори за да нема избори. На средбата кај Пендаровски, Христијан Мицкоски не спомена ниту З од здравје на граѓаните, ниту З од здравство или здравствена криза. Граѓаните тоа го знаат. Впрочем токму Мицкоски шеташе по кафани и теретани, прекршуваше мерки, а неговиот министер Чулев го поткопува системот одвнатре и го загрозува здравјето на граѓаните“, истакнува Заев.

- Реклама -

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ три години правели опструкции, кочници и бојкоти.

„ВМРО-ДПМНЕ бараше предвремени избори, дадовме предвремени избори. Од декември наваму измислуваат изговори само да ги одложат, затоа што знаат дека граѓаните ќе ги казнат, знаат дека ќе загубат. Нема веќе бегање, нема одложување. Доста е! Стравот од пораз на изборите не смее да биде причина на било која партија да бојкотира избори или да бара нивно одложување и со тоа да ги става во опасност и народот и државата“, посочува Заев.

Тој потенцира дека законските и уставните услови за одржување на изборите се исполнети, а ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност.

За крај додава дека не сакаат избори без опозиција, но доколку Мицкоски се одлучи за тоа, тие ќе покажат што можат да направат во еден мандат без саботажи.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...

Шилегов најави: Наскоро ДИНО парк во скопската зоолошка

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави неколку видеа од монтажни диносауруси, за кои вели дека многу наскоро ќе...

Џафери за ТВ21: Неуставно е доделување на мандат без да биде избран претседател на Собрание

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21 истакна дека според Деловникот, неуставно е доделувањето на мандат без да...