Заев: Ако немаме договор со опозицијата, ќе се потпреме на Уставот и законите во државата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Предлогот на опозицијата за избори на крајот на летото е апсолутно неодговорен“, рече Зоран Заев на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Тој смета дека тогаш би можело да има нова здравствена криза, како и да се продлабочи економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Заев истакна што доколку не дојде до договор со опозицијата.

„Ние секако дека сакаме да имаме договор со опозицијата, а ако нема договор, тогаш остануваат уставот и законите во државата“, рече Заев кој уште еднаш истакна дека термин е 21. јуни, односно 22 дена после вонредната состојба.

Заев рече дека нема да се дозволат незаконски и неуставни избори.