„Заедно напред“ со централен митинг во Куманово – средба со граѓани во Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на денешниот се состоеше од средби со граѓаните во Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка. Во 20 часот ќе се одржи централниот митинг на градскиот плоштад во Куманово. Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски од Старо Нагоричане повика Пендаровски, масовно да се излезе на избори, да се избере опцијата која нуди евrопски перспективи и развој, која нуди цврсто газење по патот кон ЕУ и НАТО кон сигуна иднина.

“Ги поддржувам политиките на Владата и одлуките на Парламентот што носат добро платени работни места нови директни домашни и странски инвестиции, социјална сигурност, грижа за ранливите групи во нашето општество и севкупен економски и социјален развој. Сето ова ќе се интензивира со членството во НАТО и со почетокот со преговорите со Европската унија. Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство зад нас. Обезбедена и сигурна држава, партнер на демократскиот свет’, изјави Стево Пендаровски.