ИЗБОРИ

Задолжение до граѓаните на Штип кои користеле превоз до конфекцијата со заразени лица

НАШ ПРЕДЛОГ

ЕК го одобри лекот ремдесивир во ЕУ за тешките случаи на Ковид-19

Европската комисија соопшти денеска дека го одобрила користењето на лекот ремдесивир во третманот на тешки случаи на...

Спасовски: Засега Владата нема да разговара за затворање на границата со Косово и со Србија

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не разговараше за евентуално затворање на северната граница, односно со...

Загинал при извршување на работи во каменолом

На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен...
- Промо -

Сите граѓани од Штип кои се превезувале со автобусите од и до текстилната конфекција во која се детектирани поголем број лица заболени од короновирус, како и граѓаните кои користат ваков тип превоз, задолжително да останат во самоизолација и да се јават кај својот матичен лекар при појава на првите симптоми на болеста – кашлица, главоболка, покачена телесна температура, затнат нос, болка во грлото, треска, губење на чувството за вкус и мирис. Задолжението до граѓаните го донесе Центарот за јавно здравје-Штип по состанокот со епидемиолозите од Комисијата за заразни болести.

- Реклама -

По извршена епидемиолошка анкета, тие ќе добијат упатства за тоа дали и кога ќе бидат тестирани за КОВИД-19. Доколку бидат тестирани, ќе бидат задолжени да продолжат со самоизолацијата до добивањето на резултати од земениот брис. Дополнително, од стручните лица ќе добиваат упатства за тоа како да постапуваат.

– Бидејќи ситуацијата од изминатите неколку дена остава впечаток дека почитувањето на мерките за заштита од овој вирус е на најниско ниво, уште еднаш ги задолжуваме  граѓаните истите да ги почитуваат! Задолжително е одржувањето на хигиената на превозните средства со кои се превезуваат работниците – задолжителна дезинфекција на истите, задолжително е одржувањето на социјална дистанца од 1,5 до два метра на лицата кои се превезуваат со овие средства од и до своето работно место! Задолжително е носењето заштитни маски, а по можност и ракавици, пишува во соопштение насловено како задолжение од страна на Центарот за јавно здравје-Штип.

- Реклама -

Во него се вели дека просторијата во која работат поголем број лица задолжително да го има потребното растојание помеѓу нив, носење лична заштитна опрема и на работното место, често проветрување на просториите, често миење и дезинфекција на рацете, задолжителна дезинфекција на работните површини и предмети кои се користат при работа, да се избегне групирањето на повеќе лица и за време на паузите за одмор. Да се редуцира бројот на надворешни лица кои влегуваат во овие објекти.

Потенцираат дека олабавувањето на мерките не значи крај на пандемијата на КОВИД-19 и дека задолжителната примена на овие мерки е најбитен елемент во превенцијата на овој вирус. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Спасовски: Засега Владата нема да разговара за затворање на границата со Косово и со Србија

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не разговараше за евентуално затворање на северната граница, односно со Косово и Србија.

Загинал при извршување на работи во каменолом

На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен во каменолом, пријавил дека при...

Уапсена гевгеличанка – наместо во самоизолација, била на базен

На ден 02.07.2020 во 14:30 часот, на базен во Гевгелија, лишена е од слобода А.Г.(31) од Гевгелија, која не се придржувала на...

Во Белград прогласена вонредна ситуација

Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила...