Зачестија кражбите од бугарски државјани: Три лица приведени во Гостивар

После случаите на кражби во Скопје на улицата Партизанска и во околината на „Сити Мол“, кога резултираше со приведување на четири женски лица од Бугарија, вчера нов случај на кражби од страна на бугарски државјани, овој пат во Гостивар.

„На 10.01.2019 година во 12.40 часот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во Полициската станица Гостивар приведени се Н.Н.М.(49), М.Г.М.(47)  и К.Д.Г.(39), сите  од Република Бугарија“, велат од МВР.

Станува збор за едно машко и две женски лица кои кражбата ја извршиле на превојот Стража на бензинската станица на „Лукоил“, при што ограбена била М.П. (36) од БиХ.

„Триесет и шестгодишната босанска државјанка М.П, вчера ( 10 јануари ) пријавила дека околу 11 часот, на бензинска пумпа на Стража, каде застанал автобусот со кој патувала од Охрид кон Гостивар, од чантата и бил украден паричникот со пари и лични документи.

Набрзо, на наплатната станица Гостивар запрено е патничко возило „Џета“ со бугарски регистерски ознаки, во кое се наоѓале машко и две женски лица, бугарски државјани: Н.Н.М.(50 ), М.Т.М.(48 ) и Д.Г.К.(40 ).

Бугарските државјани приведени и задржани се во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, додека одземените парични средства пронајдени се кај нив и вратени и се на босанската државјанка М.П.“, соопштуваат од МВР.