Втор смртен случај од коронавирусот во Словенија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пензионерка сместена во домот за стари лица во Метлика е втората жртва на коронавирусот во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова пред малку и официјално го потврди министерот за здравство Томаж Гантар.

Предходно Националниот институт за јавно здравје соопшти дека бројот на заразени лица со коронавирусот во земјата се зголеми на 414.

Ова е бројка е добиена со новата методологија со која не се тестираат сите лица, така што според познавачите бројката заразени е најмалку за пет пати поголема.

Досега за коронавирусот се тестирани вкупно 13.098 лица.